6000 кумановци активно бараат работа
Се намалува бројот на невработени граѓани кои активно бараат работа.
Според податоците на Државната агенција за вработување во мај во Куманово се регистрирани 6098 невработени кои активно бараат работа, од кои 4813 живеат во град, а 1285 живеат на село.
Податоците за јуни покажуваат дека во градот има 5928 невработени кои се изјасниле дека активно бараат работа, а од нив 4689 живеат во град и 1239 на село.
Граѓаните велат дека во Агенција за вработување се пријавуваат само заради сини картони и не веруваат дека ќе најдат работа.
Во Куманово има луѓе кои се невработени и навистина сакаат да најдат работа. Постарите луѓе кои ги знам изгубиле надеж дека ќе најдат работа и во Агенција за вработување се јавуваат за да добиваат сини картони. Луѓето сакаат да работат бидејќи не може да се опстане, но нема работни места за сите, нема фирми, фабрики - вели Елена Јовановска од Куманово.
Во текот на 2012 година вкупната бројка на невработени во Куманово се движела околу 19000. Кон крајот на 2012 година почна пререгистрацијата со што невработените се изјаснуваа дали активно или пасивно бараат работа.