65 кафулиња имаат дозвола за маси на јавна површина
10.07.2013 10:36
| KumanovoNews
65 кафукиња и други угостителски објекти добиле решенија за поставување на маси и друга урбана опрема на јавни површини, додека десетина се во постапка за издавње.
Од секторот за инспекциски надзор при Општина Куманово велат дека оние кои на диво ги поставиле масите пред нивните објекти или ќе се прошират на поголем простор ќе се соочат со санкции.
Ќе има отстранување на маси ако не го почитуваат датумот предвиден со дозволата. Обично дозволите се за 2 до 3 месеци, и се плаќа по квадрат. За диво поставување на маси на јавни површини казната е од 2.000 до 4.000 евра - рече Сашо Илиев, комунален инспектор.
Казните кои ќе бидат изречени се во согласност со Законот за јавна чистота.