70 години од битката во Пелинце
09.01.2014 15:29
| KumanovoNews
Борците од НОБ во понеделник ќе одбележат 70 години од битката во Пелинце, во која бил разбиен бугарскиот Бенковски полициски одред.
Во битката загинаа партизаните Ангел Лазаревски - Шајче и Трифун Летеќи.
Традиционално присуствуваат претставници на Општина Куманово и Сојуз на борци на Македонија. За значењето на оваа борба од името на Сојузот на борци Куманово ќе се обрати секретарот Благоја Јакимовски - изјави Цоки Ристовски, член на Сојуз на борци Куманово.
Граѓаните кои сакаат да присуствуваат има организиран превоз во понеделник од пред Комитет во 10 часот.