710 стечајци поднеле барања за материјално обезбедување
11.03.2014 12:40
| KumanovoNews
Досега 710 стечајни работници поднеле барања за материјално обезбедување во Центарот за вработување Куманово.
Рокот за аплицирање е до 21 март, а од Центарот за вработување Куманово се задоволни од големиот одзив. По истекот на рокот барањата ќе бидат разгледани и стечајците ќе бидат известени дали им следува материјално обезбедување од 7100 денари месечно.
Право на ваков надомест ќе имаат стечајците со 25 години стаж кои работеле во фирма со доминантно државна сопственост и останале без работа во период од 2000 до 2013 година.