72 деца ќе одат на бесплатно зимување
04.01.2013 13:44
| KumanovoNews
Од Куманово 72 деца аплицирале за бесплатно зимување, кое државата го обезбедува за деца од загрозени семејства.
Овие деца од 8 до 14 месецов ќе престојуваат на Пелистер во придружба на волонтери од Црвен Крст кои ќе се грижат за нив. Од страна на Министерството за транспорт и врски се обезбедени капи, шалови, ракавици за нив. Децата се од семејства приматели на социјална парична помош и корисници на посебен додаток.