73 години од нападот на Аџитепе
Српската зедница во Македонија денеска на Споменикот на авијатичарите во населбата Долно Којнаре одбележа 73 години од нападот на аеродромот Аџитепе, кога загинале српските пилоти.
Крвавиот напад се случил на 6 април 1941 година два часа пред бомбардирањето на Белград и започнувањето на Втората светска војна на овие простори. Околу 4 часот наутро германската авијација го нападнала Петиот ловечки полк на војската на Кралството на Југославија, кој бил стационирана на аеродромот Аџитепе. Во нерамноправна борба со фашистичкиот окупатор згаснале 15 млади животи.
За нападот зборуваше претседателката на СЗМ Гордана Стојковска.

На овој ден започнал еден ужас кој траел 5 години. Ужас кој се вика фашизам и кој се однесувал на истребување на еден народ. чест ни е што овде можеме да положиме цвеќе и да им оддадеме почит на хероите кои во она време свесни на својата немоќ пред налетот на многу појак непријател, сепак полетеле на небото обидувајќи се да ја бранат својата земја- рече Стојковска.
Цвеќе на споменикот положија претставници од Српската амбасада во Република Македонија, Демократската партија на Србите во Македонија, Српската заедница и Општината Старо Нагоричане.