Мени

73 заболени од грип во последните два месеци

26.11.2013 11:07 | KumanovoNews

 Во Центарот за јавно здравје во последниве два месеци регистрирале 73 граѓани заболени од грип.

73 заболени од грип во последните два месеци

Епидемиолозите објаснуваат дека оваа бројка е незначителна и поголем  број заболени од грип очекуваат во текот на јануари,  февруари и март кога времето е променливо.

Заболените се на возраст од 15 до 64 години. Тројца заболени од грип се хоспитализирани на инфективното одделение во Општа болница Куманово. Во подрачните единици во Крива Паланка се регистрирани 2 заболени од грип, а во Кратово немало ниту еден регистриран болен - објаснува Едита Рамизи, епидемиолог во Центар за јавно здравје.

Грипот се пренесува од човек на човек преку директен контакт, кашлање, кивање и слично.