Мени

80 ученици ќе престојуваат во „Професор Мијалковиќ“

30.08.2013 10:37 | KumanovoNews

80 ученици од понеделник ќе се сместат во Ученички дом „Професор Мијалковиќ“.

80 ученици ќе престојуваат во „Професор Мијалковиќ“

Ние имаме согласност за 88 деца, но ќе се сместат 80 деца. Ние сме подготвени. Се е во најдобар ред. За разлика од лани имаме помал број на деца. Но и со оваа бројка ние сме задоволни. Условите се добри, Родителите не плаќаат ништо, трошоците за престој ги покрива Министерство за образование - вели Есад Шаботиќ, директор на „Професор Мијалковиќ“.

Инаку домот располага со 120 места, но долго време во оваа установа престојуваа раселени лица.