Мени

Адвокатите бараат одлагање на примената на маркичките

10.01.2013 15:23 | KumanovoNews

 Кумановските адвокати, заедно со останатите колеги во државата, деновите побараа од надлежните органи да ја одложат употребата на  маркички или да се измени и допрецизира законот за адвокатски маркички.

Адвокатите бараат одлагање на примената на маркичките

Адвокатската комора ги поздравува напорите на Министерството за финансии да воведе ред во плаќањето на даноци, адвокатите не се против, но сметаме дека решенијата кои ги нуди законот се нејасни и тешко применливи. Ова е констатирано во самиот почеток на примена на законот, тоа доведе до правна конфузија кај адвокатите, судовите, УЈП. Во самиот почеток наидовме на пречки. Од овие причини бараме да се пролонгира примената на адвокатските маркички или да има измени на истиот закон. Адвокатската комора им препорача на адвокатите за сите преземени дејствија да се однесуваат согласно важечките законот за да не настане штета за адвокатите и за граѓаните - изјави Жикица Стоиљковиќ, претседател на адвокатска заедница Куманово.

За законот треба да се произнесе Врховниот суд, Министерството за финансии, Уставниот суд.  Доколку одговор нема од институциите на 16 февруари адвокатите повторно ќе се состанат за да дискутираат на оваа тема.