Адвокатите против употреба на адвокатски маркички
Од почетокот на годинава адвокатите се обврзани да користат адвокатски маркички, а адвокатските друштва мора да поседуваат фискални каси.
На адвокатите поединци оваа реформа не им се допаѓа и сметаат дека се ставени во нерамноправна положба во однос на адвокатските бироа.
Се воведува со маркичките аконтативен персонален данок за адвокати поединци. Марките се купуваат во УЈП и за секое преземено правно дејствие во судот или во некоја друга институција се дава маркичка. За секоја тужба мора да има маркичка. Законот не е јасен и прецизен и затоа адвокатската комора очекува Уставен суд да се произнесе за него. Ние не сме против законот, туку против начинот на реализација. Се загрозува и приватноста на клиентот, а ми се наплаќа за предметот кој не е завршен и може да трае со години - коментираат адвокатите.
Тие објаснуваат дека казните за недавање на адвокатска маркичка се многу високи и се движат над 2000 евра. Адвокатите велат дека за воведувањето на адвокатски маркички се зборувало уште во 2005 година, но новиот начин на работа дури сега се спроведува. Маркичкките ги има во неколку различни апоени.