Ајдучка чешма и Никуљски пат без вода
03.12.2012 08:55
| KumanovoNews
Без вода, утрово се жителите на населбата Ајдучка чешма и делот од населба Карпош, кои живеат на Никуљски пат.
Вода немаат и граѓаните кои живеат на улиците “Трст“, “Перо Стојмановски“ и “Димитар Влахов“. На споменатите локации снабдувањето со вода е прекинато поради дефекти на водоводните цевки. Екипи на ЈП “Водовод“ работат на санирање на дефектите.
Во меѓувреме други прекини не се регистрирани.