Акцијата за пошумување на 31-ви март
26.03.2011 10:26
| KumanovoNews
Акција „Засади ја својата иднина“ ќе се организира во четврток на 31 март .На Денот на дрвото ќе бидат засадени три милиони садници близу до населените места и покрај природните и вештачките езера.
„Во зависност од местата ќе бидат засадени и различни видовите дрва. Во градовите тоа ќе бидат декоративните иглолисни дрва, а во излетничките места и покрај езерата ќе бидат засадени листопадни дрва. Бројот на годинешните садници зависеше пред се од временските услови и тоа што нема доволно средства, бидејќи акцијата е на товар на „Македонски шуми“- велат од Македонски шуми.
Во Куманово оваа година ќе се сади на локалитетот Живкова Карпа.
Оваа година акцијата се организира по седми пат.