Мени

АМСМ ќе бира најстар олдтајмер

20.05.2014 08:56 | KumanovoNews

Граѓаните кои поседуваат стар автомобил или моторцикл до крајот на 2014 година можат да се пријават за избор на најстар олдтајмер во Авто мото сојузот на Македонија.

АМСМ ќе бира најстар олдтајмер

Граѓаните ќе треба да достават лична карта и сообраќајна за да утврдиме колку возилото е старо. Цела година ќе прибираме информации и на крај ќе видиме кое е најстарото возило во Македонија. Целта е да видиме дали нашите возачи поседуваат олдтајмери и колку тие се стари - вели Маргита Поповска од АМСМ.

За возачите кои ги поседуваат најстарите возила во земјава ќе има изненадувања.