Мени

Армиски и полициски ветерани ги посетија колегите во Дупница

05.10.2013 08:45 | KumanovoNews

Претставници од Здружението на армиски и полициски ветерани од Куманово, пред неколку дена беа во посета на колегите во Дупница, Бугарија.

Армиски и полициски ветерани ги посетија колегите во Дупница

Двете здруженија се збратимени бидејќи пред четири месеци потпишаа меморандум за соработка.

Не прими и не поздрави градоначалникот на Дупница, кој веќе има воспоставено многу добри односи со град Куманово. Ние сме еден мал дел од нашата меѓугранична соработка меѓу две соседни држави. Сепак сме дел кој не е за потценување. Нашите колеги не поддржуваат во нашата намера да влеземе во ЕУ и НАТО, посебно за НАТО бидејќи се работи за армиски ветерани, за воени структури - вели Киро Соларски, секретар на здружението.

Тој објаснува дека нивното здружение брои над 200 члена, а Здружението на подофицири и официри на Бугарија има 300.000 членови.