Армиските ветерани ќе пошумуваат во дворот на нивниот клуб
25.11.2013 09:57
| KumanovoNews
Членови на Здружението на армиски и полициски ветерани во среда ќе засадат дрвца во дворот на клубот “Христијан Т. Карпош“ чии простории ги користат.
Ќе засадиме 15 садници чемпреси со што ќе се вклучиме во акцијата “Ден на дрвото“. Се двоумевме за локацијата дали да пошумуваме на Менкова колиба или во дворот на клубот. За во дворот на клубот не ни треба дозвола од никого и сметаме дека треба да се пошумува и во урбани средини - вели Киро Соларски, секретар на Здружение на армиски и полициски ветерани.
Од почетокот на акцијата “Ден на дрвото“, ова здружение дава свој придонес во пошумувањето.