Мени

Асфалтиран патот Војник-Клечовце

18.11.2011 17:53 | KumanovoNews

Денеска беше пуштен во употреба асфалтираниот локален пат кој ги поврзува селата Војник и Клечовце. Патот е во должина од 5.4 километи и има големо значење за жителите од селата течението на Крива Река.

Асфалтиран патот Војник-Клечовце

Денеска пуштаме еден голем проект за кој го финасираше Европската банка за реконструкција. Проектот е завршан во пристојно време и изработен е квалитетно.Сметат дека на овој начин ќе бидат реализирани и патиштата за селата Пчиња, Романовце и Зебарњак, а ако останат пари и за Сопот-Сушево. Советот едногласно даде согласност за реализација на овие проекти и среќни сме што се реализираат- рече градоначалникот Зоран Дамјановски.

Патот ќе го користат околу 1300 жителите од Бељаковце, Довезенце Јачинце и останатите соседни села. 

Овој пат е долго очекуван од жителите на овие две села, но и за соседните, бидејќи повеќе од една деценија беше оштетен и тешко се движеа возилата. Многу сме благодарни до сите чинители, кои помогнаа пред се до Европската банка за обнова и развој, Агенција за државни патишта и пред се до локалната самоуправа на општина Куманово, кои го изработија проектот рече Зоран Колевски, советник во Советот на општина Куманово.

На пуштањето во употреба на асфалтираниот пат присуствуваа и советници и членови на ВМРО-ДПМНЕ.