Асфалтирани улици во Гоце Делчев и Зелен рид
Улиците “Благој Богдановски - Гуцман“ и “Никола Михајловски - Брада“ денеска беа пуштени во употреба, како дел од празничните активности за 11 Ноември.
“Благој Богдановски - Гуцман“ во населба Гоце Делчев е асфалтирана во должина од 1.080 метри за што се потрошени 14.300.000 денари.
Улицата се градеше 15 месеци бидејќи имавме проблем со инфраструктура, со гасификација, електрификација. Имавме застој од неколку месеци и денеска е завршена целосно. ЈП “Чистота и зеленило“ има задача во нареден период да ги озелени површините со нови садници, тревници и нискостеблести растенија - изјави градоначалникот Зоран Дамјановски.
Претседателот на Советот на Општина Куманово, Максим Димитриевски пресече црвена лента на улицата “Никола Михајловски-Брада“ во населба Зелен Рид која е асфалтирана во должина од 313 метри.
Овој проект е реализиран за еден месец. Вкупната инвестиција е околу 4.000.000 денари, исклучиво граѓански средства, планирани во буџетот. Се надевам дека улицата ќе придонесе за урбаното живеење на нашите сограѓани во овој дел од градот - вели Димитриевски.
Жителите од оваа улица објаснуваат дека цели 20 години чекаат асфалтирање и се задоволни што нивното барање е реализирано.