Атлетски крос за 150 години Црвен Крст
По повод 150 години од формирањето на Црвениот Крст, денеска во се организираше атлетски крос на кој учествуваа ученици од “Магдалена Антова“, “Бајрам Шабани“, “Кочо Рацин“ и “Наце Буѓони“.
Пред 150 години Анри Динан го создал движењето Црвен Крст и црвена полумесечина. Кросот ќе биде ревијален, а ќе учествуваат стотина ученици од четири училишта - вели Моника Николовска од Клубот на млади во “Наце Буѓони“.
Одбележувањето на Недела на Црвен Крст е од 8 до 15 мај, а оваа година се навршуваат 150 години од раѓањето на движењето.
Дојдени се 28 деца од нашето училиште, главно волонтери во Црвен Крст. Дојдовме да се дружиме - рече Марија Величковиќ, ученичка во седмо одделение во “Магдалена Антова“.
Учениците трчаа по улиците “Тонко Димков“, “Бајрам Шабани“ и “Прозорска“, а на крај се собраа на атлетскиот полигон во техничкото училиште каде заедно го формираа логото на Црвен Крст и бројот 150.
Кросот го организираа Црвен Крст и волонтерите од средното техничко училиште “Наце Буѓони“.