Aвио-прскање на комарци во среда
17.06.2013 08:51
| KumanovoNews
Во Куманово неделава се планира да се спроведе авионско прскање против комарци.
Од Општина Куманово информираат дека прскањето на комарци ќе се спроведе во среда во раните утрински часови, на територијата на градското подрачје.
Се информираат пчеларите да превземат соодветни мерки за заштита на пчелите.
Во случај на лоши временски услови, прскањето ќе се одложува за наредниот ден.