Мени

Автобусот на ЕУ ќе го посети Старо Нагоричане

16.05.2014 08:14 | KumanovoNews

Автобусот на ЕУ како дел од информативната кампања „ЕУ одблизу“на 23 мај во 11.30 часот ќе го посети Старо Нагоричане.

Автобусот на ЕУ ќе го посети Старо Нагоричане

Со месното население ќе се сретнат Амбасадор Ауер од амбасада на Франција и Ванеса Дик од Делегација на ЕУ. Жителите ќе можат да постават прашања поврзани со Европската Унија, процесот на пристапување кон ЕУ, можностите за финансирање од ИПА програмата и друго.

Со турнејата низ Македонија ЕУ автобусот ќе обиколи  Чашка, Центар Жупа, Шемшево, Ростуше, Јосифово, Новаци, Студеничани, Истибања, Зрновци и Старо Нагоричане.