Мени

Бадниковите гранчиња ќе се берат во Орашац

25.12.2012 09:48 | KumanovoNews

Членовите на здружението “Коледари“ во сабота ќе берат дабови гранчиња во селото Орашац. Гранчињата ќе бидат осветени пред Бадник и ќе се поделат на граѓаните.

Бадниковите гранчиња ќе се берат во Орашац

Во сабота во 10.30 часот од пред клубот Коледари ќе тргнеме организирано да ги береме гранчињата во Орашац, а на 5 јануари ќе бидат осветени во селото, кога ќе се одржи и голема народна веселба. Утрото на 6 јануари пред центарот за култура ќе се предаде кумството и ќе се поделат гранчињата- изјави Киро Соларски, секретар на здружение “Коледари“.

Од оваа година чуварите на традицијата планираат да воведат и некои нови обичаи кои помалку се заборавени.

Планираме своите внуци да ги однесеме во неколку куќи, кај познати луѓе на Коледе. Домаќините ќе ги пречекаат децата, ќе им дадат бомбони, овошје. На овој начин сакаме да ја вратиме традицијата. Досега вакво нешто не сме направиле. Ќе има и музика со зурли и тапани - додава Соларски.

Здружението Коледари 13 години по ред ја негува традицијата за организирано славење на Бадник.