Мени

Балетското студио “МАК“ наградено во Нови Сад

29.11.2012 11:51 | KumanovoNews

 Кумановското балетско студио “МАК“ викендов освои две први и едно второ место на “Данс фест„ во Нови Сад.

Балетското студио “МАК“ наградено во Нови Сад

На фестивалот учествуваа 5000 учесници со 500 кореографии, а танчерите од “МАК“ се претставија и на Гала вечерта каде од 500 кореографии се бираа 15 најдобри. Со сениорите се натпреваруваа најмладите кумановски танчлери на возраст од 6 до 10 години- вели Мерлин Стојановска.

Ова е второ учество на “МАК“ на овој фестивал, а и лани е забележан успех со тоа што кумановци влегоа на Гала вечерта. Освоеното злато е доказ дека во градот има квалитетни групи кои подготвуваат добри кореографии.