Бдеење на кокински мугри по пети пат
22.07.2013 10:17
| KumanovoNews
Идната среда во раните утрински часови ќе се оддржи манифестацијата “Бдеење на кокинските мугри„ на која ќе учествуваат педесетина домашни поети .
Пред изгревање на сонцето ќе пее хор, а потоа актерот Тихомир Стојановски ќе изведе обред во улога на племенски старешина за плодна година. Повторно ќе настапи хорот и кога сонцето ќе биде во маркерот на опсерваторијата ќе читаме поезија. Најавени се гости од Скопје, Прилеп, Штип, Кавадарци, Тетово - рече Божана Трајковска, претседател на Друштво на писатели Куманово.
Оваа манифестација се оддржува по петти пат. По завршување на поетското читање поетите ќе го посетат Пелинце и Меморијалниот центар АСНОМ.
Бесплатен автобуски превоз ќе има од пред хотел “Кристал“ во 4.45 часот.