Мени

Белгијска делегација во посета на општината и полицијата

23.05.2011 16:06 | KumanovoNews

Претставници од белгиската канцеларија за имиграции, денеска ја посетија општината и СВР Куманово, и уште еднаш го пренесоа ставот дека македонските граѓани немаат никакви шанси да добијат азил во нивната земја. Затоа бараат од локалните власти да ги информираат граѓаните за последиците од непродуктивните патувања.

Белгијска делегација во посета на општината и полицијата

Тука сум за да објаснам некои недоразбирање во врска со процедурата во Белгија, виостинската страна на процедурата за барање на азил. При тоа да ја дадам вистинска информација на луѓето за да бидат свесни пред да се одлучат  да патуваат во Белгија, бидејќи шансите да добијат азил се  еднакви на нула- рече Кети Верзелен службеник за миграција.

Од СВР Куманово интензивно работата на сузбивање на оваа појава за што покажуваат и резултатите, бидејќи во последниот период најмалку азиланти има од кумановско.

Ние сме едно водечките СВР кои први ја отпочнавме кампањата и со казнување на туристичките агенции, успејавме да го намалиме бранот на заминување на граѓаните во западное европските земји. Сега нивниот број е незначителен во однос на почетокот - вели началникот Љубомир Ѓурчески.

Мината година во Белгија имамо 1082 баратели на азил, а оваа година околу 90 месечно. Со оваа бројка Македонија е на 7 место по барателите за азил во земјата.