Бесплатен одмор за сиромашните деца
За одмор можат да аплицираат приматели на постојана парична помош, посебен додаток, детски додаток, а истото им следува и на децата без родители и родителска грижа.
Ова се однесува за децата родени во период од 1998 година до 2003 година, односно деца - редовни ученици во петто, шесто, седмо и осмо одделение во учебната 2012/2013 година.
Услугата може да се користи во текот на летниот распуст 2013 година, во траење од 7 дена. Бесплатниот одмор и рекреација за деца опфаќа 6 полни пансиони (ноќевање со три оброка дневно) , едукативни , забавни активности и организиран превоз до одморалиштето.Децата корисници на посебен додаток имаат право на придружник за време на одмор и рекреација.Барањата за користење на бесплатен одмор треба да се достават до Центарот за социјални работи до 25 јуни.