Мени

Бесплатен преглед за “американска чума“ за пчели

14.01.2014 13:12 | KumanovoNews

Од оваа година пчеларите нема да плаќаат за преглед на пчелни семејства за заразна болест “американска чума“.

Бесплатен преглед за “американска чума“ за пчели

 Ова го издејствуваа пчеларските здруженија во соработка со Пчеларскиот сојуз на Македонија и со поддршка на универзитетските професори од оваа сфера. Досега во ветеринарни станици се плаќаше по 60 денари од пчелно семејство, а отсега е бесплатно. Тоа многу ќе ги растерети пчеларите. Поради празниците  сите не се информирани, но ќе бидат задоволни со новината - изјави Бранко Тасевски, претседател на “Пчела“.

Тој вели дека периодов фали снег за да пролетта биде со бујна вегетација каква што им треба на пчелите.