Бесплатни автобуски билети за стечајците
31.12.2013 10:10
| KumanovoNews
И следната година стечајните работници ќе се возат бесплатно во градскиот превоз.
Градоначалникот Зоран Дамјановски вчера им подели 223 автобуски билети.
Знам дека не сте многу среќни бидејќи 7 години по ред се борите за своите права. Локалната самоуправа донесе одлука и понатаму да се субвенционираат сметките за вода. Симболично поделив неколку од 223 билети за линиски превоз за вашето здружение - изјави градоачалникот.
Стечајците се заблагодарија и рекоа дека помошта од локалната самоуправа за нив е многу значајна.