Бесплатни прегледи за граѓаните во центарот на градот
Здравствен дом Куманово на платото пред Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ денеска организира бесплатно мерење на шеќер, притисок, височина и тежина за граѓаните по повод 7 април - Светскиот ден на здравјето.
За само еден час од почетокот на акцијата се прегледани 30 - тина граѓани.
Претежно се тоа повозрасни граѓани од 50 до 60 години. Повеќето се здрави, а тие што имаат проблеми ги советуваме да посетат матичен лекар. Да го контролираат шеќерот во крвта, притисокот, да намалат тежина, да внимаваат на исхрана. Светскиот ден на здравјето традиционално на ваков начин го одбележуваме - вели Елена Наковска, медицинска сестра.
Тимот од Здравствен дом пред Центарот за култура ќе биде до 14 часот до кога граѓаните ќе можат да искористат бесплатен преглед.