Бесплатно мерење на притисок и шеќер за пензионерите
Во просториите на Црвен Крст Куманово денеска пензионерите ќе можат да направат бесплатна проверка на шеќер во крвта и крвен притисок.
Акцијата почна во 8 часот, а ќе трае до пладне. За еден час прегледани се 20 луѓе.
- На повеќето и шеќерот и притисокот им се нормални. Секако, дијабетичарите имаат нешто повисок шеќер во крвта. Прво, бидејќи се работи за постара популација, редовно треба да земаат лекови, контрола на храна, дијабетско - хигиенски режим. Да не претеруваат со храна и со напорна работа, редовно да посетуваат лекар. Ние очекуваме да се прегледаат денеска околу 100 луѓе. Овие прегледи се прават редовно и тие веќе се информирани - вели Мирољуб Голубовски, долгогодишен активист во Црвен Крст.
Старите лица преку Центарот за социјални работи, Здружението на пензионери Куманово и домот “Зафир Сајто“ се информирани дека денеска можат да искористат бесплатен преглед.
Со овој настан исто така се одбележува Неделата за грижа на старите лица.