Мени

Бесправното сечење шуми не стивнува

19.04.2013 12:32 | KumanovoNews

 Во кумановско-липковскиот регион продолжува кражби на дрва и незаконско сечење на шуми, тврдат од Шумско стопанство Куманово.

Бесправното сечење шуми не стивнува

Сведоци сме на се поголеми проблеми кои настануваат со бесправно сечење, превезување и продавање на дрва на територија на Куманово и Липково. Одговорните лица кои се занимаваат со овие незаконски работи ако бидат откриени и фатени, покрај заплена на бесправно исечените дрва, превозни средства и слично, им се заканува и казна затвор од 3 до 5 години - вели Ваит Саити, директор на Шумско стопанство.

Тој вели дека судот бавно ги решава споровите и одземените возила стојат со години додека да се донесе одлука дали ќе бидат вратени на газдите. Саити е категоричен дека незаконското приватизирање на шумите дополнително ја комплицира целата работа.

Началникот на СВР Куманово, Моме Јакимовски тврди дека полицијата успешно работи на сузбивање на кражбите на дрва. Според него, контролите се зачестени и пред извесно време над 100 кубици дрва се одземени во село Гошинце.

Само Полициска станица Матејче има одземено 14 товрани моторни возила заради диво сечење на шуми, а заедно со Куманово бројот на одземени возила е 20- вели Јакимовски.

 Од Државниот инспекторат сметаат дека законските измени и зголемувањто на затворската казна ќе ги натера дрвокрадците да се откажат од незаконско сечење на шумите.

Дејан Илиевски, командир на противпожарна единица Куманово објаснува дека крадците на дрва честопати со фрлање на неизгаснати отпушоци од цигара предизвикуваат пожари. Ако кражбите се намалат, и пожарите ќе се сведат на минимум, смета тој.