Библиотеката доби книги за историјата на црногорскиот јазик
Претставници од Заедницата на Црногорците во Република Македонија денеска на Градската библиотека и подарија книги за историјата на црногорскиот јазик.
Најновата граматика, правопис на црногорскиот јазик, препеви на песни од академик Сретен Перовиќ на македонски и книга од Матеја Метевски преведена на црногроски јазик се изданија кои ќе го збогатат фондот на библиотеката.
Oваа донација е една во низата што ги правиме во Македонија секаде каде што имаме припадници на црногорска заедница. Тие ќе можат да научат нешто повеќе за својата историја, историјата на својата книжевност, и да имаат прилика постдипломци, докторанти ако можат да учат црногроски јазик. Тоа го правиме за да внесеме научни податоци за црногорскиот јазик во Македонија бидејќи дел од учебниците сеуште зборуваат дека во Црна Гора се зборува српски јазик - вели Мирољуб Орландиќ, претседател на Заедница на Црногорците во Македонија.
Тој смета дека граѓаните на ваков начин ќе имаат точни информации за црногорскиот јазик.
Ние имаме книги, посебно Историја на црногорскиот народ која навистина веќе е со години во фондот на библиотеката и се користи. Новите книги ќе значат голем придонес за зголемување на фондот на библиотеката - рече Нада Ивановска, директор на библиотека “Тане Георгиевски“.
Таа смета дека оваа соработка ќе ги зближи македонскиот и црногорскиот народ.