Мени

Бирото за вработување доби нов директор

31.12.2012 09:48 | KumanovoNews

  Во Агенцијата за вработување во Куманово од мината недела за директор е назначен Милорад Тренчевски.

Бирото за вработување доби нов директор

Тренчевски е дипломиран економист, кој работел како раководител во приватната авто школата “Галеб“.  За директор на Агенцијата е избран на оглас за јавни службеници на кој се пријавиле двајца кандидати.

 Тој најавува дека и во наредната година Агенцијата за вработување ќе спроведе повеќе обуки за компјутери, странски јазици, комуникациски вештини, практиканство од европските ИПА фондови за невработените и друго.

Тренчевски доаѓа на местото на поранешниот директор Благе Јакимовски, кој си поднесе оставка, но останува да работи во Агенцијата за вработување.