Мени

“Благословени“ со поддршка за лицата со психички проблеми

12.03.2013 15:39 | KumanovoNews

 Во Куманово од неодамна постои здружение за помош на лица со психички проблеми.

“Благословени“ со поддршка за лицата со психички проблеми

Здружението “Благословени„ е формирано пред два месеци, а основна цел на членовите е да им помогнат на лицата со психози во надминување на секојдневните проблеми и за отстранување на предрасудите за луѓето со ментални болести. Тие мината недела однесоа помош во Психијатриската болница во Бардовци.

Одлучивме да ја посетиме оваа болница бидејќи таму престојуваат и многу кумановци. Истата установа ќе ја посетат за Прочка и повторно ќе однесеме помош. Сега трае акција за собирање на облека, постелнина, крпи, сретства за лична хигиена. Тогаш планираме да направиме забава за штитениците. Целта е создавање партнерство со лицата со психози, како и со корисниците на психијатриските услуги воопшто, со цел да се поддржи и помогне нивното самоорганизирање. Реализација на етичките принципи и гарантирање на заштитата на човековите права на лицата кои се корисници на психијатриски услуги, овозможување рамноправни односи и сузбивање секаков вид исклучување од општеството, решавање на социјалниот статус на корисниците на психијатриските услуги - вели Билјана Ивановска, член на “Благословени“.

“Благословени“ ќе делуваат за да се подобри медицинската заштита на ментално болните и да им се даде шанса за реинтегрирање во заедницата. Од ова здружение ветуваат соработка со други хуманитарни здруженија, институции, поединци од земјава и странство за да обезбедат финансиска и техничка помош. Тие објаснуваат дека на луѓето со психози им требаат собиралишта и објекти каде тие ќе можат да се рекреираат.