Мени

Блокирани сметките на стечајците заради МРТВ

31.01.2014 13:07 | KumanovoNews

На повеќе од 60 стечајци деновиве им се блокирани сметките поради неплатен долг за радиодифузна такса.

Блокирани сметките на стечајците заради МРТВ

Пред 10 дена ми е блокирана сметката од УЈП. Отидов во банка да подигнам пари, ми кажа не може бидејќи е блокирана сметката. Бев во УЈП и ми кажаа дека треба да одам во банка, да си ја одблокирам сметката. Јас немам пари, мене сестра ми од Белград ми праќа по 5000 денари од кои пола ми ги одбиле - вели Слободан Пуриќ, стечаец.

И претседателката на УНИТ, Лилјана Георгиевска се жали поради блокирана сметка, а за да ја  одблокира истата ќе мора да плати.

 Блокирана е сметката на мојот сопруг. За жал уште се делат решенија и наместо да си купиме лекови ние плаќаме нешто за што не сме во можност да го подмириме. Не  гледале дали се социјалци или не - рече Георгиевска.

Два пати досега стечајните работници протестираа пред УЈП Куманово со барање за пролонгирање на рокот за плаќање на радиодифузна такса и очекуваа стопирање на извршните решенија за присилна наплата.

Таа најавува нови протести за да се заштити оваа категрија на граѓани.