Мени

Богојавление-Водици

19.01.2013 08:57 | KumanovoNews

 Народот го празнува како еден од најголемите христијански празници, зашто на тој ден Исус Христос е крстен од Свети Јован Крстител во реката Јордан.

Богојавление-Водици

Денеска се слави празникот Водици-Богојавление. Народот го празнува како еден од најголемите христијански празници, зашто на тој ден Исус Христос е крстен од Свети Јован Крстител во реката Јордан. Со тоа на овој празник му се дава значење на крштевањето како една од повеќето свети тајни на христијанството. Крштевањето значи и духовно раѓање, односно почеток на човековото живеење во верата. Затоа кумот се смета за духовен родител на крстениот и најблизок роднина. Со овој празник завршуваат не само дванаесетте т.н. Некрстени денови туку и циклусот зимски празнувања во кој спаѓаат уште и свеченостите поврзани со Бадник, Божик, Нова Година (Василица) и сл.

На Богојавление главен настан е фрлањето на крстот во водата. Во Куманово крстот се фрла во црковните базени, а по селата во реките. Крстот го фрлал попот откако ќе отпеел молитва. По крстот скокаат главно момчиња, но во последно време се пријавуваат и девојки. Тој што ќе го извадел крстот од водата добивал подароци. Се верува дека по овој обред водата станува осветена, а со тоа и лековита, поради што сите присутни полнат од оваа вода и ја чуваат во текот на целата година за лекување на разни болести како на луѓето, така и на добитокот.