Богослужби по повод Духовден
10.06.2011 11:45
| KumanovoNews
По повод празникот „Духовден“ во недела во сите храмови во општината ќе се служи божествена литургија, која почнува во 7 часот.
Во понеделник во црквата „Света Троица“, ќе се служи света архиерејска литургија со почеток во 9.00 часот, на која ќе чиноначалствува неговото високопреосвештенство, Митрополитот Кумановско-полошки г. Кирил.
Утре вечер на Духовденска задушница, граѓаните масовно заминуваат на градските гробишта,каде се палат свеќи во сеќавање на починатите.