Боја и разредувач запленети на Табановце
04.02.2014 09:20
| KumanovoNews
На граничниот премин Табановце, викендов се запленети 41 пакетче со ексцентрична брусна хартија, 3 канти од по 3 литри разредувач за боја, 6 канти боја од по 12 литри и 80 парчиња хартиена изолир трака.
Стоката е откриена при преглед на автомобил со привремени германски регистарски таблички, пријавен за влез во Република Македонија. Таа била сокриена под предните седишта и во багажниот простор.
Непријавената стока е привремено задржана, а против сторителот е започната соодветна постапка.