Болницата доби 1550 апаратчиња за мерење гликемија
07.03.2013 13:13
| KumanovoNews
Центарот за дијабетес во Кумановската болница, деновите доби 1550 апаратчиња за мерење гликемија.
Апаратчињата ќе бидат поделени на пациентите кои примаат инсулин. Оваа донација е од Министерството за здравство, кои последниве две години обезбедува инсулин и апаратчиња за мерење гликемија, а претходно истите беа набавувани од фирми. За Општа болница Куманово ова е прва ваква донација.