Мени

Борците ќе одбележат 69 години од формирањето на “Трета МУБ“

20.02.2013 15:28 | KumanovoNews

 Сојузот на борци Куманово, во вторник во селото Жегљане, ќе го одбележи датумот на формирањето на Третата македонска ударна бригада.

Борците ќе одбележат 69 години од формирањето на “Трета МУБ“

По тој повод ги повикуваат граѓаните да се приклучат на прославата.

Борбениот пат на бригадата од нејзиното формирање, па се до ослободување на нашата земја беше долг, исполнет со борбени и други обврски. Една од најславните страници на “Трета МУБ“ претставува уништување на Вардарски четнички корпус на Козјачие.  Една од крупните победи во пролетната офанзива е победа над фашистичката бугарска армија што услови за многу кртако време Бугарија да капитулира и да излезе од Антифашистички блок. Бригадата во тие борби загуби многу млади членови. За жал по ослободување се поставија одредени обележја на места каде се водеа борби и каде загинаа тие млади луѓе. За сега тие спомен обележја се во распаѓање, иако закон постои, има институции за тоа,  многу малку обрнуваат внимание и не одвојуваат никакви средства за нивното оддржување. Ако се продолжи вака за кратко време, тие споменици се веќе во распаѓање и ќе ги немаме, иако тие зборуваат за борба на македонскиот народ, за ослобување на Македонија, тоа е наша историја - вели Спирко Зафировски, член на претседателство на Сојуз на борци Куманово.

Заинтерсираните можат да се пријават од 10 до 12 часот во зградата на поранешен Комитет во просториите на здружението.