Мени

Борците се поклонија пред споменикот на загинатите соборци во Пелинце

11.01.2013 12:47 | KumanovoNews

 Борците, градоначалникот и делегации од општината, градинката “Ангел Шајче“ и граѓани, денеска положија цвеќе на споменикот од НОБ во Пелинце и ја одбележаа 69 годишнината од славната битка.

Борците се поклонија пред споменикот на загинатите соборци во Пелинце

Пред присутните се обрати Душан Јовановски, претседател на Сојуз на борци Куманово, кој го нагласи значењето на ова место, каде животите ги положиле народните херои Ангел Шајче и Трифун Ангеловски - Летеќи. Батаљонот “Јордан Николов - Орце“, кој го предводел Христијан Тоадоровски Карпош, во Пелинце се судрил со бугарската војска, која претрпеле голем пораз.

По неуспешниот обид на четниците на Дража Михајловиќ да го уништат одредот во село Дренак, активности презеде и бугарскиот окупатор и тоа преку пуштање на летоци во кои се бараше сите машки од 18 до 55 години да се јават во бугарската полициска станица, за да бидат интернирани во Бугарија. Целта беше козјачието да се ослободи од машките лица за да сопре натамошниот развој на народно ослободителното движење. Тоа се случи пред Нова година 1944 година. Потоа бугарската војска со еден полк сакаше да го уништи батаљонот. Батаљонот на чело со Карпош се наоѓаше на највисоката точка, од Козјак планина местото викано Китка, и ноќе во многу тешки услови извршуваа маневр и од Мгленце, преку Буковљане и од Длабочица. Со тоа го избегна директниот судир со бугарскиот полк, кој продолжува понатаму и оди за Кленике и не го открива батаљонот. Бугарскиот полк известува дека на козјачијата нема партизани. Ова го дознава батаљонот Бенковски познат по својата суровост и тргнува да се пресмета со незаштитеното население и да го казни бидејќи ги поддржувале партизаните - раскажа Јовановски.

Тој потсети дека Карпош го свикал штабот и партизаните ги поделил во три чети за да му се спротивстави на непријателот.  Јовановски на денешните генерации им посака никогаш веќе да немаат потреба да се борат за слобода.