Мени

„Браќа„ и Гимназија најдобри на Детски семафор

11.05.2013 12:02 | KumanovoNews

 Ученици од основното училиште „Браќа Миладиновци„ и гимназијата „Гоце Делчев„, освоија први места на регионалниот натпревар Детски семафот, што завчера се одржа во ОУ „Дитурија„ во Општина Липково.

„Браќа„ и Гимназија најдобри на Детски семафор

Од основните училишта второ место им припадна на екипите од „Јоаким Крчоски„ од Крива Паланка, а трето на „Христијан Карпош„ од Куманово.  

Од средните училишта втори беа од „Наце Буѓони„ а трето место го зеде земјоделското училиште „Киро Бурназ„.

Победничките екипи ќе учествуваа на државен натпревар кој ќе се одржи на 19 мај 2013 во Скопје.

На општинските натпревари учествуваа по 6 екипи од основните и средни училишта за Сообраќајно техничка култура на младите.

Учесниците имаа теоретски дел во решавање на тестови и практичен дел, вешто возење на велосипед и вешто возење на мопед.