„Браќа Миладиновци“ одбележува 60 години постоење
Основното училиште “Браќа Миладиновци“ денеска одбележува 60 години постоење и успешна работа.
По тој повод во училиштето беше организирана презентација на активностите кои се реализирани заедно со “Бајрам Шабани“ во рамки на проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието.
Проектот се спроведува веќе две години и ние сме партнер училишта заедно со “Бајрам Шабани“. Инаку како што кажува и насловот, се работи за мултиетничка интеграција во образованието, а тоа значи сите заедно, не еден до друг да се вклучиме во процесот на образованието следејќи ги стандардите на граѓанското општество - изјави директорката Марина Манојловска.
Во чест на патронатот беше организирана свечена седница во театарот, а вечерва во 19 часот во Центарот за култура ќе биде прикажана мултимедијалната претстава “Снежна кралица“ во која учествуваат 160 ученици од 1 до 8 одделение.