Мени

“Бранко“ донесе 32 литри дожд во Куманово

07.08.2014 07:18 | KumanovoNews

Циклонот “Бранко“ што вчера го зафати и Куманово, донесе обилни врнежи од дожд.

“Бранко“ донесе 32 литри дожд во Куманово

    Во Куманово наврнаа 32 литри, во Берово 67, Скопје 26, Тетово 13, Крива Паланка 9, Битола 5, Пожаране 5, Лазарополе 2 и Претор 1 литар на метар квадратен. И денеска не очекува слично време, но врнежите ќе бидат со послаб интензитет - вели Душанка Танушевска, дежурен синоптичар во УХМР.

Од УХМР советуваат кога има невреме граѓаните да не престојуваат на отворено, стадата со животни да се развојуваат во помали групи и да не се носат метални предмети.

Дојави за поплави и настанати штети од невремето сеуште нема во Регионален центар за управување со кризи. Поради дефекти од синоќа струја немаат жителите на селата Оризаре, Слупчане, Руѓинце и Облавце.