Мени

Бројни делегации ќе пристигнат за Денот на градот

08.11.2013 16:02 | KumanovoNews

 За празникот на градот голем број делегации од збратимените градови и гости од пријателски општини ќе пристигнат во Куманово.

Бројни делегации ќе пристигнат за Денот на градот

Делегациите од збратимените градови ќе пристигнат во недела, а во понеделник  ќе положат цвеќе на Спомен Костурница на паднатите борци од НОБ. Во 12 часот започнува свечена седница во Младинскиот културен центар. Претходно имаме доста активности од културниот, спортскиот и политичкиот живот. Во турско мало сакам да најавам пуштање во употреба на чешма од Ѓумушдаг, чие семејство се иселило пред 40 години.- рече градоначалникот Зоран Дамјановски.

Тој се надева дека преку заменик градоначалникот на Истанбул, Ѓоксел Ѓумушдаг ќе ја продолжат соработката и дека ова пријателство ќе придонесе и за економски врски меѓу двата града.