Мени

Бројот 193 не работи, пожарна повикајте на 195

05.02.2014 09:48 | KumanovoNews

 Од утринава не е во функција телефонскиот број 193 за пријавување на пожари во Општината.

Бројот 193 не работи, пожарна повикајте на 195

Од Противпожарната единица Куманово велат дека околу 10 часот откриле дека линијата е во прекин.

Кога некој ни врти добива сигнал дека телефонот звони а ние не се јавуваме. Не знаеме во што е проблемот и пријавивме кај операторот да го отстрани дефектот. Ги повикување граѓаните доколку имаат потреба од наша интервенција да се јавуваат на броевите 192 и 195 па од таму по мобилен телефон ќе не известат нас - вели Дејан Илиевски, командир во ППЕ Куманово.

Тој додава дека ова не е првпат да не работи линијата 193 туку во последната година повеќепати се соочувале со овој проблем.