Брза помош доби две теренски возила
Пред десетина дена Здравствен дом Куманово набави уште две нови возила за потребите на Итната помош.
Во истиот момент кога ни беа доделени три возила од Министерството за здравство, ние веќе имавме започнато тендер за набавка на две теренски возила, џипови, лади, така што овие возила се набавени. Тие се потребни за обавување на посети, вакцинации, итни случаи во планинските села на Општина Куманово. Се работи за две лади ниви, инаку средствата се од буџетот на Здравствен дом Куманово - вели Миомир Панковски, директор на Здравствен дом Куманово.
Тој објасни дека сега Брзата помош располага со четири лежечки возила и четири лади ниви, со што возниот парк е обновен. Две лади ниви се купени пред две години. За двете нови возила кои сега се набавени се потрошени 1.048.000 денари.