Буџетот скратен за 266 милиони денари
Денеска беше изгласан првиот ребаланс на буџетот на Општина Куманово за 2013 година, кој е намален за 266 милиони денари.
Од нив 210 милиони денари се од програмата за уредување на градежно земјиште и развојната програма, а останатите сретства се намалуваат од тековните трошоци на Општината и општинската администрација, како и дел од јавните претпријатија.
Овој ребаланс е поради блокираната жиро-сметка на Општината од почетокот на годината, приливот е помал во однос на она што беше проектирано. Поради тоа ги повлекуваме развојните програми и се оставаат сретства само за оние проекти кои што можат да се реализираат до крајот на 2013 година. Сето она што се тргнува оваа година ќе биде проектирано за наредната година.- изјави Ирена Илиевска, раководител на Секторот за финасии и буџет.
Со овој ребаланс на буџетот се воведуваат рестриктивни мерки и штедење, поради новонастанатата состојба. Во општинската каса оваа година нема пари за изградба и реконструкција на повеќе улици, водоводна мрежа и речното корито. Истовремено ќе се намалат платите, паушалите на советниците, службените патувања, трошоците за телефони и ќе се троши само за она што е најнеопходно.
Советниците едноглсано го донесоа ребалансот на буџетот без ниту една дискусија.