Мени

Бугарски волонтери во посета на колегите од Црвен Крст

25.06.2013 08:08 | KumanovoNews

 Претставници од Црвен Крст Велико Трново, Бугарија викендов беа во посета на волонтерите на Црвениот Крст Куманово.

Бугарски волонтери во посета на колегите од Црвен Крст

 Дојдоа четворица младинци од Обласната организација на Црвен крст на Велико Трново кои од страна на волонтерите од Црвен крст Куманово беа запознаени со работата на Општинската организација на Црвен крст и Клубот на млади. Главна тема беше мотиваторската работа во областа на крводарителството во Црвен крст Куманово и размена на искуства. Преку презентација, видео и фотографии беа претставени активностите поврзани со крводарителството - вели Сања Голубовска, координатор на млади во Црвен Крст.

Од Црвен Крст Куманово се надеваат дека оваа соработка ќе продолжи и во иднина.