“Бујрум“ направи размена посветена на европските вредности
Центарот за рурален развој “Бујрум“ од 4 мај па до денеска во Маврово организираше младинска размена на која се говореше за европските вредности и насловот беше “Си беше еднаш во Европа...“.
Младите од Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора, Турција, Чешка, Полска, Велика Британија, Шпанија, Италија, Ерменија и Азербејџан раскажуваа приказни со цел изучување на европските вредности.
Раскажувањето на приказни е интересен метод за учење и разбирање на вредности и ставови. За време на размената младите научија како постоечките народни приказни од различни европски земји може да се користат за да не научат за европските вредности и активното европско граѓанство - велат од “Бујрум“.
За да го промовира руралното наследство “Бујрум“ размената ја реализираше во традиционален рурален амбиент.