Мени

Бутиците нудат попусти за 8 март

28.02.2013 12:24 | KumanovoNews

Бутиците и продавниците за чевли  нудат попусти и пониски цени за празникот на жената. Излозите се преплавени со реклами за намалување на цените за 20, 30 или 50 отсто.

Бутиците нудат попусти за 8 март

Имаме пониски цени за старата колекција, а во меѓувреме чекаме нова. Некој гледа да купи убаво и квалитетно парче, а некој се фаќа за она што е на распродажба - велат продавачите.

Тие тврдат дека попустите редовно ги следат жените бидејќи тие сакаат да се средуваат и уживаат во купувањето.

На акција имаме чевли по 190 денари, чизми по 400, 500 денари. Ќе потрае акцијата до 8 март. Ние секоја година за празници нудиме попуст - рече Јовица Стојиќ, вработен во продавницата.

Жените сметаат дека попуст пред 8 март е добредојден, без разлика дали ќе одат на прослава или не.

Треба да има попусти и веќе има, гледам по продавници. Јас не одам никаде и не се подновувам нешто посебно за празникот на жената, се зависи од потребите и од длабочината на џебот - вели граѓанка.

Продавачите објаснуваат дека при крајот на сезоната граѓаните купуваат облека и обувки кои сега нема да ги носат, но ќе им користат за наредната  сезона, а заштедуваат со што што ги купуваат евтино.